Конвои хуманитарна помош стигнаа во Мосул
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
20 камиони со хуманитарна помош за за ирачкиот град Мосул пристигнаa во во центарот на курдскиот автономен регион Ербил. Помошта треба да помогне на околу 60 000 луѓе во областа каде што наскоро ќе дојде зима. Според ОН, бројот на бегалците ќе биде меѓу 200 и 250 000 луѓе
Хуманитарни вработени и волонтери ги растовариле пакетите со помош кои содржат шатори, ќебиња, храна и облека.
Најголем проблем сепак е како тие да стигнат до сиромашните. Во реонот се уште има сили на џихадисти од "Исламска држава", а на места има и мински полиња.
Истовремено со операцијата за ослободување на Мосул, започна и подготовката за изолирање на "престолнината" на "Исламска држава" во Сирија - Рака. Ова го објави министерот за одбрана на САД Ештон Картер, во Париз.
Таму се одржува средба на антиџихадистичката коалиција. "Тоа е суштината на нашиот план за уништување на туморот Исламска држава во Ирак и Сирија", изјави Картер.