КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: За колку поевтинуваат?
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2017
Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“, на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство, од полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ е 63 денари за еден литар, „еуродизел“ ќе чини 51 денар, а „еуросупер БС-98“ останува на 65 денари за еден литар.
Намалувањето се должи на пониската просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар, но и на намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.