26 Април, 2024
0.0269

Корисни совети: Како да ја напуштите работата без некој да навредите

Објавено во: Стил 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Поради една или друга причина сте решиле да ја напуштите вашата сегашна работа и да побарате шанса на друго место. Но не сакате да си одите со скандали, а не е и препорачливо - не треба сосема да ги затворате вратите, бидејќи не се знае дали нема да ви требаат во иднина. Како да го напуштите работното место без да налутите никого? Ви пренесуваме неколку совети.

1. Претходно смислете што ќе му кажете на вашиот шеф. Дури да давате отказ со добра причина, разговорот ќе биде незгоден. Бидете подготвени да аргументирате.

2. Заблагодарете му се на шефот и истакнете дека и покрај сè, сте научиле многу на оваа работа.

3. Кажете зошто напуштате, но не треба да паѓате во детали за својата нова работа (ако веќе сте пронашле таква). 

4. Предложете да помогнете при транзицијата - на пример да го обучите човекот кој ќе ве замени.

5. Предпуредете дека оставате барем две недели однапред, за да и дадете на компанијата време да реагира. Исто така наведете го точниот ден, кој ќе ви биде последен работен.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти