15 Мај, 2024
0.0325

„Корона чао“!!! Која фирма ќе исплати 8 милиони евра дивиденда?

Објавено во: Економија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

И прилепскиот Мермерен комбинат „го проласи за мртво корона вирусот“. Компанијата одлучи на своите акционери да исплати 8 милиони евра дивиденда , 1,7 евра бруто износ по акција и тоа 4,6 милиони евра акумулирана добивка од претходни години и 3,4 милиони евра од добивката лани. Државата ќе се офајди околу 800.000 евра од даночните зафаќања на добивката што се распределува како дивиденда

Каменот, а особено мермерот е многу доходовен и вносен бизнис. Прилепскиот Мермерен комбинат уште еднаш покажа особена грижа за своите акционери. Компанијата одлучи на претстојно акционерско собрание да си одвои од добивката за лани и од акумулирана добивка од претходниот период и да ги подели како дивиденда. Вкупно друштвото ќе подели 8,06 милиони евра дивиденда која ќе биде исплатена на акционерите на 30 октомври годинава.

Последен ден за тргување со право на дивиденда ќе биде 28 октомври годинава, а акционерското собрание е закажано за 16 октомври годинава. Последната цена на оваа акција на берзата е постигната на 20 април годинава и изнесувала 2.500 денари. Тоа значи дека дивидендниот принос во однос на последната пазарна цена е помал од 4 отсто.

Само информативно ова прилепско друштво кое одамна беше продадено на грчки компании специјализирани за експлоатација и обработка на мермер лани оствари профит поголем од 20 милиони евра. Сепак мора да се признае дека за разлика од лани, годинава Мермерен комбинат ќе подели дивиденда што е за 65 отсто пониска од дивиденда што ја подели за работењето во 2018 година (според официјалните податоци на СЕИ НЕТ платформата таа изнесувала 299,44 денари).

Прилепската компанија, најголем македонски производител на мермер, е во доминантна сопственост на две странски правни лица. Мнозински сопственик е холандската компанија за производство и продажба на мермер „Стоун Воркс Холдинг Кооператиф“ која поседува 89,25 отсто од акциите и грчката „Пиреус банка“ која како старател управува 10 отсто од акциите на компанијата. Останатите околу 35.000 акции со право на глас се сопственост на домашни акционери физички лица и за нив во бруто износ ќе бидат исплатени околу 60.000 евра.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно