19 Мај, 2024
0.0267

KOРОНАВИРУС: Црна Гора се соочува со „црно“ сценарио

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Црна Гора се соочува со „црно“ сценарио. 

Повеќе од десет илјади жители на Црна Гора, или 1,5 отсто од вкупното население, во моментов се заразени со коронавирусот, и тамошните епидемиолози предупредуваат дека земјата влегла во „црно“ сценарио. 

Тие наскоро очекуваат затворање на главниот град Подгорица.

„Од вчерашниот пресек потврдени се 639 нови случаи, а оздравеле 290 пациенти. Во моментов активни се 10.207 случаи, што изнесува 1.620 на 100.000 жители“, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје. 

Во последните 24 часа починале уште девет лица како последица од Ковид -19. 

Во Црна Гора од неделата на сила се рестриктивните епидемиолошки мерки кои, меѓу другото, опфаќаат полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро следниот ден, забрана за собирања, движењето надвор од матичните општини е забрането во текот на викендите, а од претходно носењето заштитни маски е задолжително и на отворени и во затворени простори.

Епидемиологот Божидарка Ракочевиќ смета дека Црна Гора „веќе е во црното сценарио“, како и дека поради тоа треба да се почитуваат воведените мерки. „Здравствениот систем е во проблем, речиси пред пукнување е… Сите се наоѓаме во магепсан круг. Апелираме да се почитуваат основните мерки“, рече Ракочевиќ за Телевизијата Вијести.

Помошникот на директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Сенад Бегиќ, смета дека здравствените власти „одамна задоцниле“ со мерките за целосно затворање, туку дека се обидувале да најдат оптимално решение за економијата и за здравјето на граѓаните.

„Очигледно е дека не бевме во состојба тоа да го сфатиме и го имаме тоа што го имаме“, рече Бегиќ. 

Тој верува дека ниедна земја на светот немала толку политички и верски собири како Црна Гора во периодот пред и по јуниските парламентарни избори.

Најтешка е ситуацијата во Подгорица каде се заразени повеќе од пет илјади жители, додаде Бегиќ. Во сабота ќе се одлучува дали црногорската престолнината, во која живее третина од вкупното население на земјата, ќе биде ставена „под клуч“.

„Во сабота е планиран пресек за Подгорица, доколку продолжи истата ситуација кога станува збор за непочитување на мерките и доколку ги добиеме истите информации од теренот, мислиме дека на сите им е јасно оти мора да има построги мерки. Неволно, секако, но тоа е единствената опција“, рече Бегиќ.

Црна Гора која на почетокот од мај се прогласи за единствената „корона фри“ држава во Европа, во првиот бран на епидемијата од средината на март до почетокот на мај, пријави само 324 потврдени случаи на коронаинфекции и девет починати. 

Второт бран започна кон средината на јуни, и оттогаш со коронавирусот се заразило вкупно 29.031 лице, или 5 отсто од целото население, а од последиците на вирусот починале 405 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија