06 Мај, 2024
0.0233

Коронавирусот ги секна парите од иселениците: Тешки денови за најсиромашните делови на земјава

Објавено во: Економија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Се вратија дома затоа што во Германија веќе немаше работа за нив - градежните работи таму престанаа, а немаше надеж дека ќе има скоро обвновување. Со затворањето на аеродромите стравот стануваше поголем па многу од македонските работници кои заработуваа во странство сега се дома. Тие кои живеат подолго во други земји се во економска криза исто така. Затоа многу семејства од источните, но и западните делови на земјава останаа без изворите на егзистенција - без парите од дознаките, од иселениците. Ги очекуваат лоши денови.

Македонската економија ќе изгуби доста годинава, а според официјалните предвидувања на сите домашни и странски институции БДП ќе забалежи негативни стапки на раст и земјата ќе влезе во рецесија. Она што ги загрижува познавачите, но и креаторите на политиките е како реалниот сектор ќе се справи со кризата, но секако и колку ова брзо ќе се прелее на стандардот на граѓаните кој и така не се подобруваше значајно и покрај забележаниот раст на БДП во изминатиот период. Но голем страв предизвикуваат и превидувањата за драстичен пад на парите кои ислениците ги праќаат во земјава – средства со кои живееја голем број семејства во најсиромашните делови од земјава. Светската банка преедвиде пад на дознаките од 20 отсто на глобално ниво годинава што е најголемо намалување во последните децении. Имено во 2009 година кога беше глобалнат афинансиска криза дознаките паднаа за 5 проценти.

Во Македонија со години, овие пари се зголемуваа, особено во последните години со растот на бројот на граѓаните кои се исселуваа. Дел од тие, поради пандемијата на Ковид-19, останаа без работа, повеќето се вратија дома. Не земаат плата, нема да има пари назад во Македонија.

Намалувањето на парите од рабтниците во земјава ги нотира и Светската банка во последниот извештај за земјите од Западен Балкан објавен вчера. Експертите од банката велат дека се предвидува и намалување на дознаките од странство, бидејќи работниците во дијаспората ги губат своите работни места во земјите каде што работат или имаат пониски приходи.

„Дознаките се значаен извор на приход за земјите во развој. Тековната економска рецесија предизвикана од Ковид-19 ја намалува сериозно можноста за испраќање пари дома. А дознаките им помагаат на семејствата да си купат храна, здравствена заштита и основни потреби. Бидејќи Светска банка спроведува брза, широка акција за поддршка на државите, ние работиме да ги задржиме каналите за дознаки отворени и да го заштитиме пристапот на најсиромашните заедници до овие најосновни потреби, вели претседателот на Светска банка Груп, Дејвид Малпас.

Во Македонија дознаките од странство ги мери Народната банка во делот на секундарниот доход каде има податоци и за приливе од работници.

Во 2019 година по овој основ во Македонија имало прилив од 219 милиони доалри, додека во 2018 година изнесува 236 милиони долари, о дкои 217 милиони се само од работници. Во 2016 година трансферите од работници изнесуваат 219 милиони евра.

Сепак познавачите укажуваат дека овие суми воопшто не коинцидираат со реалноста затоа што многу од парите не доаѓаат по официјални канали туку исленициет им ги праќаат по автобуси и по роднини кои се враќаат на одмор.

Според податоци од Светска банка, во 2018 година во Македонија како дознаки влегле 344 милиони долари, во 2017 година, 314 милиони долари, а во 2016 година, 290 милиони евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?