КОСОВО ГЛАСА: Скоро 30.000 набљудувачи ќе ги следат изборите
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2017
Гласањето на изборите во Косово денеска ќе го следат 29. 264 локални и меѓународни набљудувачи.
Најголем број или 15. 784 се набљудувачите на коалициите кои учествуваат во изборите, 8.830 се од локални невладини организации, 3.657 се од политички партии кои учествуваат на изборите, 468 се други локални набљудувачи и 36 се од странски медиуми.
„Седум меѓународни организации ќе имаат вкупно 301 набљудувачи, 27 ќе бидат од меѓународни институции, односно групата за управување со избори од различни земји во светот, еден е од институција и 160 се од осум амбасади во земјата“ - се вели во соопштението на Комисијата.
Кампањата се одвиваше со забрзано темпо поради краткиот рок од десет дена, а во нејзиниот фокус е економскиот развој на државата.