27 Април, 2024
0.0253

Косовските жени-фармери во посета на Македонија

Објавено во: Агробизнис 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Руралните жени од Косово, дојдоа во тридневна посета на своите  македонски колешки, со цел да се разменат искуства и да се потенцира и јакне земјоделското здружување и кај жените, но и да се зајакне улогата на жената во креирањето на земјоделската политика.  Домаќин е Федерацијата на фармерите на Република Македонија, а како дел од соработката со невладината организација,  Иницијатива за земјоделски развој на Косово. -Тие во Струмичкиот регион, ќе се запознаат со работата и животот на фарма, производството на глинени производи во Добрејци, ќе одат на приватен откупен пункт на земјоделски производи, а ќе го посетат и здружението „Хорти-еко” во кое најбројни се жените, изјави Љубица Џониќ од Федерацијата на фармери на Македонија. Руралните жени од Косово во рамките на престојот во Македонија ќе посетат претпријатија во кочанскиот регион, семејни бизниси во струмичкото село Добрејци каде се производуваат традиционални зимници и глинени производи, посета на фарма со аронија во Ресен, а ќе имаат средба со жените – фармери од прилепскиот регион. -Традиционално косовската жена е поврзана со семејството, но и со директното земјоделско производство. Сепак, ретки се формите на организирано здружување и мало е нашето искуство на тој план. Сакаме организиран настап и добивање вистински статус на жената во косовската економија, зачувување на традицијата и развој на руралниот туризам, изјави Ханумшах Зенели, од невладината организација  Иницијатива за земјоделски развој на Косово од Косовска Митровица. Освен земјоделската, гостинките од Косово ќе се запознаат и со културно-историските и туристичките локалитети во Струмичкиот регион.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади