30 Април, 2024
0.0312

Костадиновска-Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за „непријавениот“ пожар на Универзална сала

Објавено во: Македонија 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска ќе ја тужи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако вчера изјави дека таа „не го пријавила пожарот во Универзална сала, иако знаела за тоа“.

Арсовска ќе добие кривична пријава за клевета најави министерката Костадиновска-Стојчевска, а причина за тоа се, како што денеска рече на прес-конференцијата, инсинуациите и небулозите дека „знаела за пожарот, но не пријавила веднаш“.

Арсовска вчера рече дека Костадиновска-Стојчевска пред јавноста изјавила дека добила информација дека гори Универзална сала пред 9.00 часот, а пожарот бил пријавен од случаен минувач во 9.55.

Министерката најави дека ќе тужи и за другите работи за кои беше обвинета од Арсовска и ѝ порача дека ќе се видат на суд. Таа додаде дека нема да дозволи Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска.

– Обвинувањата не заслужуваат внимание бидејќи се измислена приказна. Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро и оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели. За клеветите ќе се видиме на суд. Не само што покажа негрижа за градот и немање слух, туку покажа и дека единствениот начин со неа е само преку суд – рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката во моментов не може да каже зошто се запали салата. Најави дека сè уште трае истрагата и МВР ќе излезе наскоро со детали.

– Граѓаните не треба да се сомневаат, ниту да имаат страв дека Бисера или кој било друг од Министерството за култура направил упад во системот за јавни набавки,


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање