19 Мај, 2024
0.0250

Костал ќе вработи 250 лица в година: Почнува да работи за Јагуар и Ленд Ровер

Објавено во: Економија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Костал следната година ќе креира 250 нови работни места и ќе воспостави нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво, вели првиот човек на компанијата ВИктор Мизо. Вчера во компанијата беше Фатмир Битиќи заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. Освен во Костал Битиќи беше и во  компаниите АСП-ПАК, ЛТХ леарница. Со трите Владата има потпишано договори за државна помош

„Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce,  а од наредната година ќе почнеме да работиме и за Jaguar и Land Rover, што значи дека 80 отсто од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. До крајот на оваа година ќе биде реализирано околу 74-76 отсто од планираното. Поддршката која Владата ја даде, што беше важно не само за Костал, туку и за други компании кои работат во земјата, беше првиот бран на изедначување на царинските тарифи со оние од ЕУ и веќе го гледаме првичниот импакт во месец ноември, кога нашата конкурентност беше значително зголемена“, изјави директорот на компанијата Костал, Виктор Мизо.

Компаниите кои беа посетени од Вицепремиерот Битиќи (АСП-ПАК, ЛТХ Леарница и Костал) се извозно ориентирани компании, конкурентни на меѓународните пазари, а во нив во моментов работат над 1500 лица од Охрид и регионот.

Овие три компании, но и некои други кои денес не ги посетивме, се навистина значајни за Охрид и регионот. Создаваат солидно платени работни места, можност за младите да останат во татковината и тука да ја планираат својата иднина, но и имаат голем импакт за раздвижување на локалната економија, користејќи прозводи и услуги од други локални компании“, посочи вицепремиерот Битиќи.

Битиќи во својата завршна изјава по посетата на Охрид, потенцираше дека Владата во наредниот период ќе продолжи да спроведува политики и мерки со кои ќе се стимулира стопанството, за нови работни места, за подобар живот на граѓаните.

Компанијата Костал е германска инвестиција, која работи во просториите на некогашно ЕМО, а која има изградено и нова производствена хала.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа