19 Мај, 2024
0.0347

Ковачев: Макрон не може да ги гарантира нашите интереси кон Македонија

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber


Бугарија не може да прифати како гаранција ниту една усна или писмена декларација. Гаранација од името претседателот на Франција, Емануел Макрон, или од име на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, или кој било друг, не е гаранција.

Ова во интервју за БГНЕС го изјави европратеникот Андреј Ковачев, потпретседател на Европската народна партија.

Ковачев за БГНЕС ја коментираше претстојната посета на претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков на Франција. Таму се очекува да го одобрат предлогот на претседателот Макрон за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

„Гаранција може да биде само доколку нашите точки од Рамковната позиција и Декларацијата на бугарскиот парламент, како и елементите на Договорот за пријателство и добрососедство бидат вклучени во преговарачката рамка што треба да ја усвојат сите земји-членки“, рече бугарскиот европратеник.

Ковачев истакна дека од страна на Скопје нема ни педа раздвижување за ниту една од темите кои се важни не само за Бугарија, туку според него, и поврзани со основните европски и човечки вредности.

„Фалсификувањето на историјата денес води кон дискриминација. Затоа немаме културно-историски спор со елитата на РСМ, туку проблеми поврзани со човековите права, дискриминација, што е последица на фалсификување и едукација која води до дискриминација“, рече европратеникот.

Тој додаде дека Бугарија има консолидирана позиција за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, која не е ограничена само на владејачката партија.

„Нашиот став е точките што ги предложивме да се вклучат во преговарачката рамка за пристапување на РСМ, што треба да биде прифатено од сите земји-членки во советот. Ако претседателот Макрон има нешто ново да и каже на Бугарија, треба да знаеме. Но, во никој случај не треба да се согласуваме ако некој уфрли нешто однадвор и рече - извинете се јавувам да ви го дадам тоа што треба да го прифатите“, рече европратеникот.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места