14 Мај, 2024
0.0240

Ковачевски: Блок 1 на РЕК Битола ќе затвори за пет години, другите за максимум петнаесет

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Васко Ковачевски, директорот на АД ЕСМ, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во наредниот период на земјата и престои енергетска трансформација која ја бара ЕУ, така што Блок 1 на РЕК Битола ќе работи уште најмногу пет години.

Ова Ковачевски го најави на заеднички настан со премиерот Зоран Заев и скопскиот градоначалник Петре Шилегов поврзан со проектот за инвертер климатизери, на кој потврди дека комбинатот ќе работи уште најмногу 15 години и тоа само со два блока.

- РЕК Битола произведува 75 проценти од енергијата и не може преку ноќ да се направи таа транзиција. Блок 1 во првите пет години се затвора, тој најмалку се модернизира. Блок 2 и 3 мора да работат во наредните десет години. Ќе работат максимум 15 години, рече првиот човек на „Електрани на Македонија“.

Наместо рударско-енергетски комбинат, во иднина во Битола најави дека ќе има гасна централа.

- Нашата држава е лидер за енергетски трансформрации. Централата Осломеј оди од јаглен на сонце. Во Битола ќе има производство на струја до 250 мегавати од гасна централа, но и фотоволтации и хиодроелектрани на Тиквеш, а тука се и ветерните паркови кои се завршуваат во Богданци и Миравци Производство на енергија од нееколошки горива ќе мора да заврши, најави тој.

Според премиерот Заев, последната лиценца за ископ на јаглед ќе биде дадена после пет до седум години.

- Државата иако ги нема обврските за плаќање на СО2 аранжманите, мораме да мислиме на иднината во ЕУ. Ако имаме планирани нови рудници, тоа ќе биде во следните пет до седум години. Повеќе од тоа нема. На 28 декември ќе се отвораат понудите за проектот Чебрен и Галиште, од каде што ќе се произведуваат 300-400 мегавати нова енергија, рече Заев пред новибарите.


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра