Ковачевски и Бесими му ги покажаа знаменитостите на Охрид на нобеловецот Пол Кругман
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бедсими денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман.
Во заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид му беа покажани Горна порта и Самоиловата тврдина, ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, црквата Св. Софија и старата градска архитектура во куќата на Робевци.
Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.Кругман е во неколкудневна посета на нашата земја и утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум. Заедно со Ковачевски и Бесими се задржаа на работен ручек на кој разговараа за „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“, тема која ќе се разработува на утрешниот форум.