Ковачевски ќе се сретне со Блинкен во Вашингтон, во САД ја води и Грковска со себе
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023
Од утре Ковачевски ќе се обрати на отворената седницата на Советот за безбедност, во седиштето на ОНН во Њујорк. Премиерот дополнително ќе се обрати и на приемот во ООН организиран по повод 30 години од членството на Македонија во организацијат.
Во Вашингтон, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, и со повеќе сенатори и конгресмени на САД, објави владината прес-служба,
Ковачевски ќе го посети престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон и согласно агендата, планирана е и средба на премиерот Ковачевски со претставници на македонската дијаспора во САД.