Ковачевски: Сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети држави кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ
Објавено во: Македонија 30 Август, 2023
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.
Рече дека сака да ги демантира пропагандистите платени од трети држави кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ, да ги демантира структурите на поранешните служби на државна безбедност уште од времето на Југославија кои исто така не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ и оние чиишто бизниси сметаат дека единствено можат да работат во изолирана држава. Додава дека претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.
„Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија, а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Северна Македонија ќе биде подготвена“, истакна премиерот на почетокот на трибина на тема „ЕУ за македонската економија во Скопје денеска започна кампањата „Ние сме Европа“.
Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови и тоа Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип.
Инаку, Макрон се залага за реформи на ЕУ пред таа да прими нови нации.