Ковачевски синоќа завршил во болница
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа завршил во болница поради веројатно труење со храна, а пуштен е во добра состојба, потврдуваат од Влада за „360 степени“. Тој имал болки во стомакот.
Ковачевски ноќта ја поминал на Инфективната клиника во Скопје. Вечерта бил задржан поради опсервација.