КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа
Објавено во: Македонија 19 Март, 2024
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во подкаст емисијата на Сител телевизија, отворено зборува за работи кои што не се воопшто познати во јавноста.
Па така, тој вели дека обожава сарма, но дека не знае да ја направи. Вели дека е одличен во правење тестенини. Истакна дека чистењето по дома е негова работа, бидејќи правосмукалката е тешка и е машка работа, исто како и бришењето прозорци.