Ковид-пасошите можат да ја опорават економијата
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2021
Ковид-пасошите се добар пат за опоравување на економијата.
Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оценил дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.
„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне во нормализирање на животот во земјата“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си, пренесува Ројтерс.
Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење на сертификати за луѓето кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.
Повеќе европски лидери се залагаат за воведување на вакви пасоши.