18 Мај, 2024
0.0267

Вино од 1600 евра за флаша: Што се најде на менито за раскошниот банкет во чест на Трамп приреден од кралицата Елизабета

Објавено во: Свет 04 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Раскошниот банкет кој британската кралица Елизабета Втора синоќа го приреди во Бакингамската палата во чест на првата државничка посета на претседателот на САД Доналд Трамп, ги обелжаа нивни здравици но внимание привлече и менито кое е понудено за повеќе од 170 гости со вино кое чини околу 1600 евра за флаша.

БиБиСи наведува дека во чиниите, помеѓу другото, се нашле филе подготвено на пареа, младо виндзорско јагнешко, а за десерт е послужен сув колач од јагоди со крем од лимон а потоа следело свежо овошје, кафе и ситни колачи.

На гостите им се понудени два вида англиски пенливи вина, како и црвено од брендот „Шато Лафит-Ротшилд“ од 1990 година, чии флаши достигнуваат и цена до 1395 фунти (1600 евра).

Американскиот претседател, наведува БиБиСи, не вкусил ниту едно од овие вина, бидејќи воопшто не конзумира алкохол.

Менито го избрала самата кралица од четири можни менија кои и ги понудиле кралските готвачи.


Музичкиот избор пак опфаќал музиката на Хендл, американскиот композитор Арон Копланд и британските музичари Ед Ширан и Ејми Веџ.

На програмата бил и „Tonight“ од американскиот мјузикл „Приказна од Западната страна“.

Трамп и неговата сопруга Меланија присуствуваа на вечерата со четирите возрасни дца на Трамп.


Од британска страна, меѓу присутните биле кралицата Елизабета, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, и принцот Вилијам со неговата жена Кејт.


Foto: AP / Alastair Grant / Pool


Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата