Кратка, но конкретна честитка од Путин до православниот свет за Божик
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин денеска им го честиташе Божик на сите православни христијани и Руси кои тој празник го слават по јулијанскиот календар.
„Божикните денови го осветлуваат нашиот живот со посебна радост, будат најубави чуства. Ова е време за убави мисли и дела, посебно кон најблиските и оние на кои помошта и поддршката им се најпотребни“, пишува Путин во честитката.
Тој ја истакнал големата и единствена улога на Руската православна црква и други вероисповеди во зачувување на високите морални вредности и зачувување на богатото историско и културно наследство.
Руската православна црква има повеќе од 30 000 цркви и 800 манастири во речиси 70 земји.