04 Мај, 2024
0.0262

Кредит од ЕБОР од 4 милиони евра за Охридска банка за финансирање на мали и средни претпријатија

Објавено во: Финансии 25 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија ќе добијат пристап до 4 милиони евра наменети за инвестиции во конкурентност, благодарение на кредит од ЕБОР за Охридска банка.

МСП ќе можат да добијат техничка помош, вклучувајќи исоветодавна поддршка преку ЕБОР . По успешно завршување на инвестицијата, ќе се стекнат со право на повратен грант од 15 отсто од вкупната сума на кредитот, обезбеден од Европска Унија (ЕУ).

Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП  на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унијакоја обезбедува техничка помош и грант. Целата е да им се помогне на МСП во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: 

,,Ги поддржуваме МСП во Северна Македонија, а со потпишувањето на новата кредитна линија со Охридска банка подобруваме пристапот до добро структуирано финансирање и советодавни услуги кои ќе им помогнат да напредуваат. Заедно со ЕУ, преку нашата успешна Програма за поддршка на конкурентноста на МСП, поддржавме над 120 МСП со комбинирано финансирање во износ од над €30 милиони, и се надеваме дека уште голем број МСП ќе имаат корист од оваа поддршка. ”

Амбасадорот Дејвид Гир, Претставник на Европска Унија во земјата изјави: 

,,Пристапот до финансии е основа за идниот раст и развој на малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија. Оваа е дел од нашата поддршка во постојаните напори за промовирање на бизнис климата за МСП, како и натамошно стимулирање на условите за креирањето на работни места и економско опоравување.”

Нина Недановска, Претседател на Менџерскиот Борд на Охридска банка АД Скопје изјави: ,,Со ова кредитирање продолжуваме да ги поддржуваме МСП и им нудиме пристап до финансирање и можност за инвестирање во модернизација, прогрес и развој, особено во овие времиња на предизвици. Комбинацијата на кредити и грантови финансирани од ЕУ, се докажа како силна алатка за охрабрување на МСП да бидат поконкурентни како на локалните, така и на странските пазари, истовремено правејќи позитивен импакт на домашната економија. Се надеваме дека нашето континуирано партнерство со ЕБОР ќе ни помогне да креираме поуспешни локални бизниси и ќе го поттикне претприемачкиот потенцијал.”

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,14 милијарди евра преку 145 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата