15 Мај, 2024
0.0250

Живот на кредит: 50 илјади нови кредитни картички за само една година!

Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Бројот на кредитни картички во пораст, но расте и бројот на долгови по основ на картички. Во 2013 та година, според податоците на Народната Банка во оптек биле повеќе од 1,5 милиони картички. Од нив повеќе од 1 милион се регистрирани како дебитни картички. Банкарите потврдуваат дека лани имало зголемен интерес за картички, но не само за кредитни туку и за дебитни. Каматните стапки за кредитни картички и негативните салда и натаму се сметаат за највисоки. Така на крајот од 2013 година каматата на ниво на банкарскиот сектор изнесува 10,7%. Зголемена побарувачка на дебитни и кредитни картички! Само за една година, или во 2013 во однос на 2012, бројот на новоиздадени картички се зголемил за речиси 50 илјади. Податоците на Народната Банка укажуваат на тоа дека лани е регистриран пораст кај дебитните и кај кредитните картички. Еве колку картички и од кој вид циркулирале во текот на 2013 година: Вкупен број на картички 1 557 082 Дебитни картички 1 188 947 Кредитни картички 313 365 Кеш-картички 54 770 Споредбените податоци укажуваат на тоа дека во 2013 во однос на 2012 година, бројката на дебитни картички се зголемила за 32 385 а на кредитните картички за 17 490. Банкарите велат дека растот во овој дел од банкарскиот бизнис е очекуван.
Дебитната картичка главно е поврзана со транскациските сметки. Лани имаше раст на бројот на дебитни картички, и делумно тој се толкува како резултат на нови вработувања, но треба да се земе во предвид и фактот дека и некои од веќе вработените, кои не располагале со дебитни картички се одлучиле да го сторат тоа. Потоа, оваа опција им се нуди и на пензионерите. Секако, дебитна картичка може да поседува секој, но доколку не е вработен на неа треба да уплати пари, по што ќе троши толку колку што има“, вели Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици и член на Управниот Одбор на Стопанска Банка.
Дебитните картички за вработените главно се со дозволени минусни слада, односно, во зависност од договорот на релација компанија-клиент-банка, се дозволува дозволен минус од една, две а во некои случај и повеќе од две плати. Банкарите велат дека треба и дека е природно да има раст и кај кредитните картички. Лани во оптек биле повеќе од 313 илјади.
Најчесто кредитните картички ги врзуваме и ги нудиме во пакет со други кредитни производи. Така, со станбените кредити секогаш се нудат и кредитни картички“, велат од Стопанска Банка.
Кредитните картички – скапа играчка? Кредитните картички, кои се сметаат за најатрактивен, во исто време се и најскап извор на финасирање. Така, лани, со завршување на последниот месец, каматата за кредитните картички на ниво на банкарскиот сектор изнесувала 10,7% додека каматата за негативните салда 9,7%, при што во текот на целата година е регистрирано благо намалување на каматните стапки за овој вид на банкарски производи. Еве со какви просечни камати завршила 2103 година: Денарски кредити 7,7% Девизни кредити 6,4% Негативни салда 9,7% Кредитни картички 10,7% Банкарите се воздржани во однос на тоа дали годинава може да се очекува намалување на каматите за некои од кредитите.
Каматните стапки лани имаа тенденција на намалување. Граѓаните, па и компаниите главно тоа го искористија не само за подигнување на нови кредити, туку и за рефинансирање на старите, но сега со пониска камата. Така, во 2013 та потрошувачките кредити се нудеа со камати од 6,5%, за разлика од годините претходно кога стапките изнесуваат и до 10 отсто“, изјави неодамна за “Фактор“ Антонио Аргир од НЛБ Тутунска Банка.
Дали изворите на финансирање ќе поевтинуваат пред се ќе зависи од состојбата во вкупната економија, сметаат експертите.
Позитивните економски трендови би донеле и намалување на каматите. Народната банка во минатата година во неколку наврати превзеде конвенционални и неконвенционални мерки во насока на релаксирање на монетарната политика. Дали има простор за нови потези? Нејзините можности се ограничени од монетарната стратегија што се применува од 1995 година па досега. Секоја поголема кредитна активност влијае на стабилноста на курсот на денарот, а стратегијата на Народната банка е да го држи курсот стабилен“, оцени професорот Трпески во интервју за “Фактор“.
Според прокециите на Народната банка за годинава се очекува кредитен раст од 6,3%. Д.А.