Кривањева бил чест гостин и се однесувал пристојно во угостителскиот објект во кој беше застрелан
Објавено во: Македонија 08 Март, 2023
Наркобосот Јетон Кривањева, кој заедно со Енес Исени беа егзекутирани пред два дена во Старата скопска чаршија, бил чест гостин и се однесувал пристојно во клубот „Шиша бар“ каде што беше убиен од неколкумина маскирани напаѓачи, велат посетителите на ова место за Телевизија 24 кои при тоа побарале да останат анонимни.
Според информации пак од МВР, сведоците засега кажале дека виделе упад на маскирани лица, но дека не слушнале да извикуваат „полициска рација“ до присутните.
Според информациите на телевизијата, ќе се анализираат сами видео-снимките на „Безбеден град“, но не и тие на „Шиша бар“, кои остануваат нефункционални. Јавното обвинителство претходно соопшти дека се обезбедени снимки од видео надзорот од самиот угостителски објект.
„Шиша бар“ и денеска е затворен додека истражните органи продолжуваат да преземаат интензивни дејствија за проверка на сите околности и откривање на сторителите.