06 Мај, 2024
0.1754

КРИЗА: Дали Иванов ќе каже “пу-пу неважи“ – ќе има Влада до 6 ти март?

Објавено во: Македонија 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европската Унија нема да остане нем набљудувач на сoстојбите во Македонија – земја која географски е дел од Европа, во срцето на Блканот и која се стреми кон евроатланските интеграции – оценуваат дел од аналитичарите за “Фактор“. Пораката што високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, без дипломатска ракавица,  ја упати до претседателот Иванов не смее да се сфати наивно, велат политичките аналитичари.

План А, План Б .. што е следно?

Пораката што високата претставничка ја упати до претсдателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот на оние кои имаат обезбедено парламентрано мнозинство не е наивна и мора да се потенцира дека е  испорачана  заедно со “поздрав“ и од првите луѓе на ЕУ и НАТО, коментраат политичките аналитичари. 

“Верувам дека високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија,,Могерини била јасна - доколку Иванов не го даде мандатот постои блан Б кој им бил соопштен  на партиските лидери. Груевски, вообичаено, кога е  нервозен не дава  изјави за мадиумите..Впрочем тој кога губи никогаш не дава изјава. Сметам дека мандатот на претседателот на СДСМ ќе биде даден до 6 март за да се свика Собрание и да се распишат локалните избори. Со тоа ќе заврши ова одење “газаење“ по нерви и политичко мрцварење“, вели аналитичарот Даме Чкатроски.

Сличен став има и Бојан Марициќ од Центарот за европски стратегии.

“Ставот на Могерини е кристално јасен - Иванов го прекрши Уставот и треба да ја преиспита одлуката која нема никаква правна ниту демократска втемеленост. Таа негова неразумна одлука ја води Македонија во нова криза и потенцијален конфликт. Она што битно во нејзината порака е дека Македонија нема да биде оставена на цедило, а нејзината нова реформска влада ќе има голема поддршка и граѓаните на Македонија можат да сметаат на помошта на ЕУ“ – вели за “Фактор“ Марициќ.

Високата претставничка на ЕК, Могерини по средбите со лидерите на политичките партии, и по завршување на работниот состанок со претседателот Ѓорѓе Иванов упати јасна порака, без дипломаски ракавици.

“По повеќето разговори кои ги имав со многу луѓе во ЕУ и во НАТО, а утрово разговарав и со генералниот секретар на НАТО кој побара од мене да ја пренесам и неговата порака.Мислам дека ќе биде невозможно да убедиме било кој во ЕУ или во НАТО дека на мнозинството на пратеници во унитарна држава не може да му биде дозволено да формира влада. Ова го крши духот на демократијата и не соодвествува со ниту еден принцип на евроатланската агенда. Затоа го замолувам претседателот да ја преиначи својата одлука во интерес на сите граѓани на оваа држава и како што вели уставот да го додели мандатот на оние кои имаат најмногу мандати во Собранието, рече Могерини вечерва по состанокот со невладините организации за кои што посочи дека се клучни во функционирањето на едно демократско општество“, изјави европскиот дипломат Могерини.

Од претседателскиот кабинет со соопштение информираа дека на средбата и било соопштено дека претседателот Иванов останува на својот искажан став – нема мандат за некој што сака да го руши унитарниот карактер на државата. 

“Во однос на последната негова одлука, Претседателот Иванов рече дека согласно Уставот, како мандатар за состав на Влада нема да го определи секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува Македонија, се загрозува суверенитет, независноста и унитарноста на државата. Со пост-изборната платформа се руши Уставот и Охридскиот рамковен договор, а Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност од друга држава. Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава” – рекол претседателот Иванов на претставничката на Европската Унија,  Могерини.

Аналитичарите сметаат дека оценките на Могерини се само почеток на пожестоките вербални реакции на официјален Брисел. 

“Нови предвремени парламентарни не се во оптек затоа што веќе имаме обезбедено  67 пратеници за нова Влада од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Најмногу може да изненади одлука на ДУИ да не учествува во таа Влада, но спорде мојата политичка проценка,  мислам дека ДУИ ќе учестуваат. Сеедно е. На  6 март е крајниот рок за врачување на мандатот. Планот Б на Могерини веројатно е многу екстремен за политичкиот вкус на Груевски и на Иванов.  Сметам дека  Иванов ќе го врачи мандатот, сакал или не, едноставно затоа што нема законска можност да одложува. Иако самото врачување на мандатот е манир, односно форма на добра воља и не е со закон пропишано. Затоа велам дека наскоро Заев ќе стане мадатар, останува да видиме дали и колку ДУИ ќе “состанчи“ за да донесе одлука дали ќе биде во Влада или не“ – вели политичкиот аналитичар Чкатроски. 

Д.Д

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран