Крстари бесплатно, фотографира и добро заработува
Објавено во: Финансии 05 Јануари, 2017
Компанија која организира крстарења бара професионален човек за одмор.
Негова задача е за три патувања да направи и објави по три фотографии на Инстаграм.Кандидатот кој ќе биде избран од Royal Caribbean International ќе има три платени крстарења за три недели.
Во правилата стои дека фотографиите мора да содржат елементи како море, брод, неверојатни искуства од бродот.
По секое крстарење ќе мора да оди и на три копнени екскурзии.
Заработката ќе биде 27.000 куни со покриено сместување и храна.
Royal Caribbean прима пријави од денеска исклучиво по пат на Инстаграм.
За нив е идеален кандидатот кој може да ги документира своите патувања.
Се покажало дека 48% од луѓето пред да патуваат ги истражуваат социјалните мрежи.
Ова посебно важи за младите кои се од 18 до 24 години.