КРВАВ ДЕН: Нови жртви во Појасот Газа
Објавено во: Свет 28 Април, 2018
Израелски војници убија тројца Палестинци на границата со Појасот Газа.
Петта недела, илјадници Палестинци се собираат со барање да ги вратат палестинските бегалци на израелска територија, соопштија здравствените власти во Газа.
Бројот на Палестинци убиени од израелски војници се зголеми на 41, а повеќе од 5.000 се повредени, откако жителите на Појасот Газа почнаа да протестираат на границата на 30 март.
Сепак, израелската армија тврди дека некои жители на Газа се обиделе да ја пробијат граничната ограда..
Здравствените власти во Газа велат дека двајца демонстранти се во критична состојба и дека повеќе од 600 се повредени.
Израелската армија информираше дека меѓу 12.000 и 14.000 жители на Газа учествувале во нередите.
Израелското воздухопловство соопшти дека во петокот навечер го бомбардирало главното пристаниште во Појасот Газа, а палестинските власти изјавиле дека во нападот се користени беспилотни летала кои оштетиле два брода.