KРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО ПОЛСКА: Напад со нож
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2017
Напад со нож имаше денеска во Полска.
Едно лице загина, а седум други се ранети попладнево кога маж вооружен со нож нападна купувачи во една продавница во градот Сталова Воља во југоисточниот дел на Полска.
Ранетите лица се пренесени во болница, а една 50-годишна жена им подлегнала на повредите.
Според полицискиот портпарол Анджеј Виршина, инцидентот се случил околу 15 часот во најголемиот трговски центар во градот. Вооружениот маж од зад грб нападнал осум купувачи во продавницата.
Полицијата успеала да го упаси напаѓачот, кој е идентификуван како локален жител по име Конрад К.(27) Неговите мотиви за нападот засега не се познати. Очевидци велат дека човекот се однесувал како да е луд.