27 Април, 2024
0.0279

КСС организира свечена академија по повод приемот во Меѓународната конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија организираше свечена академија по повод приемот во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC).

КСС доби полноправно членство во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), со одлука донесена на Генералниот Совет, кој се одржа од 29 ноември до 1 декември во Виена и стана дел од меѓународните синдикати во кој членуваат повеќе од 181 милион работници во 162 земји со повеќе од 340 национални синдикати.

“КСС оствари двоен успех со прием и во Европската конфедерација на синдикати (ETUC) на Извршниот комитет кој се одржа на 14 и 15 декември во Брисел со добивање на статус на полноправен член кој ќе учествува во нејзините органи и тела во креирањето и спроведувањето на економско - социјалните европски политики. “ - истакна Претседателот на КСС г. Благоја Ралповски.

На свечената академија, КСС му додели прва плакета на Почесниот Претседател Дојчин Цветановски за синдикално творештво, синдикално водство и животно дело за идеологија и реализација во синдикалните движења во Република Македонија и регионот.

Почесниот Претседател Дојчин Цветановски имаше свое обраќање на свеченоста на тема: ,,Синдикални предизвици во Република Македонија во последните две и пол децении, со посебен осврт на формирањето и активностите на Конфедерацијата на слободни синдикатина Македонија” .

Цветановски му се заблагодари на членството на КСС и истакна: “Приемот на КСС во Меѓународната конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати значи големо признание, а воедно и обврска за понатамошни активности за реализација на зацртаните цели во социјалната сфера. “

Приемот на КСС во Светската конфедерација на синдикатите има големо значење од повеќе аспекти. Секако дека тоа претставува знак за објективно признание дека КСС ги исполнила критериумите за да стане членка на оваа исклучително важна светска организација, но исто така значи и дека со нејзиното членство добива во зголемување на нејзината реална моќ и позиција пред сѐ во сопствената земја, се разбира, во рамките на законите што ги регулираат синдикалните позиции, а уште повеќе е и исклучително јасен сигнал и порака до работниците во нашата држава. За тие кои се членови во некои од гранските синдикати на КСС дека нивната сигурност, со самото тоа е битно зајакната, а за оние работници кои сѐ уште не се синдикално организирани, треба да биде причина повеќе за што поскоро да станат дел од синдикално организираните работници, истакна Почесниот Претседател на КСС, г.Дојчин Цветаноски.

Со приемот во КСС како полноправен член во Меѓународната и Европската конфедерција на синдикати се докажува и се потврдува делувањето и активната улога на КСС на национално, регионално, европско и светско ниво.

Настанот е поддржан од проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, како дел од промотивната кампања за синдикатите.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“