Кучиња искасаа дете во Карпош
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017
Две кучиња вчера попладне искасале дете на возраст од 10 години на улица Волгоградска во Скопје.
Случајот во Полициската станица во Карпош го пријавил Т.С. (50) од Скопје. Тој информирал дека околу 17 часот, на улица Волгоградска две кучиња го нападнале неговиот 10-годишен син, при што му се нанесени видливи повреди - расекотини на двете нозе.
Ова не е прв ваков случај. Во Скопје за помалку од месец дена имаше повеќе напади од кучиња на деца и жени. Триесет и четиригодишен скопјанец деновиве пријавил во полиција дека го искасало куче во Сопиште.