Куќа, овоштарник и лозје поевтино од стар автомобил
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2016
Викендици и куќи во „Хрватската Тоскана“ се продаваат без цена.
Куќа, овоштарник и лозје е поевтино од стар автомобил.
За сопствениците се товар, а за купувачите се добра прилика.
Сето ова се нуди во Баново Брдо во Барање, каде моментално недвижниот имот е многу евтин.
Ова место се наоѓа на 20 до 30 минути возење од Осијек и таму се одгледува винова лоза.
Поради миграцијата, имотите во овој дел наследниците не ги сакаат и гледаат што побрзо да ги продадат.
Но, никој не сака да ги купи овие имоти. А најавите за данок на имот влеваат страв.
Овие стари куќи чинат од 4.000 до 5.000 евра сосе парцелата.