26 Април, 2024
0.0324

КУМАНОВЕЦ ГРАДИ МЕЃУНАРОДНА БАЛЕТСКА КАРИЕРА: За успех во балетот неопходна е дисциплина

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Младиот Дарио Јовчевски од Куманово е успешен на балетската сцена во соседството. Зад него се бројни одиграни улоги, а една од омилените му е Султан Сулејман. За  Фактор тој го раскажува своето балетско патешествие во Бугарија и Турција, неговите успеси и планови.

Фактор: Кој е патот до успехот од Македонија преку Бугарија, до Турција и пак назад во Бугарија?

Мојот успех во животот и во професијата потекнува од моите животни почетоци,од детството, благодарение на моите родители кои ми овозможија да имам право на свое мислење и избор. Тие во голем дел од моите одлуки се мојата најголема поткрепа.  Од друга страна успехот е резултат на мојата голема упорност да си ги остварувам желбите, особено да ги завршувам предизвиците, да учам разни новини.Моите први танчерски чекори се уште од раното детство, од шест годишна возраст кога почнав да танцувам латино и стандардни танци во Куманово,а потоа и да се одлучам за балетот. Балетот ме освои на прва средба,а со него и останатите танци како што се карактерни, историски, модерни. А за да можеш целосно да му се предадеш на танцот треба внатрешно да си исполнет и задоволен,среќен, да бидеш позитивен за да можеш тоа да го пренесеш на публиката.Со балетот се сретнав во Средното училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје, но набргу проценив дека за да можам повеќе и подобро да напредувам во учењето треба да заминам во Бугарија. Во Софија го завршив Националното училиште за танцово искуство (НУТИ), а пред да завршам, имено пред да наполнам 18 години веќе се вработив во единствениот на Балканот Музикален театар „Стефан Македонски“ во Софија. Во исто време имав ангажмани и на други места, како на пример, во Операта и балетот во Пловдив, а и модерни танци во познати софиски групи. Потоа проценив дека треба нешто да менувам, особено не размислував многу кога добив понуда  да заминам во Анталија, Турција. Во Турција за мене беше едно поинакво искуство, не само професионално, туку и животно. Работев за две турски фирми од чиј однос и третман на уметниците сум презадоволен и многу благодарен. Таму ја најдов и мајката на моите деца во иднина  и со неа се вративме во Бугарија. Од тогаш со договор за една година се вработив во Софиската опера и балет. Во меѓувреме дипломирав и на Академијата во Пловдив. За сега сум многу задоволен и се надевам дека наскоро нема да ме привлечат некои нови „авантури“.

Фактор: Кои ви се омилените улоги на кои сте работеле?

Хм! Има неколку, но еве омилена ми е улогата на Султан Сулејман во претставата Hurrem Sultan која ја играв додека бев во Турција.

Фактор: Колку одрекувања бара балетот за да се биде успешен?

За успешноста во балетот неопходна е дисциплина, дисциплина и само дисциплина, а потоа и голема предаденост на професијата. Балетот е многу строг на таа тема. Многу време мора да се посветува, како што за почеток е откажување од храна и точно време кога можеш да јадеш, со посебен режим на спиење, бидејќи си физички активен додека работиш. Затоа често пати се случува да задоцниш или во многу случаи да пропуштиш роденденски прослави, екскурзии, излети и многу нешта, затоа што имаш представа. Но, тоа е сепак личен избор и не ми пречи.

Фактор: Може ли да направите споредба какви услови и можности се нудат во Бугарија?

Со тоа што Бугарија е земја во Европска унија јасно е дека и можностите се поголеми од оние во Македонија. Освен тоа Бугарија е една од „ќерките“ на поранешниот Советски сојуз, а тоа влијание сè уште се чувствува во балетот. Тоа особено е добро. Специјално за Софиската опера можам да кажам дека е исклучително со богат балетен репертоар. Сепак мило ми е што и во нашата држава се почитува балетот.

Фактор: Што е она што моментално го работите? Имате ли некој проект во подготовка?

Оваа седмица  работиме на подготовки на „Лебедово езеро“ и „Зорба –Гркот“. Потоа следи „Бајадерка“, „Кармен“, „Дамата со камелии“ .Освен во Софиската опера и балет, имам ангажман и во некои претстави во мојата поранешна матична куќа Музикален театар „Стефан Македонски“.

Фактор: Кои ви се плановите за во иднина врзани за кариерата?

Оваа година ми почна убаво. Добив договор за работа на неодредено време пред да ми истече договорот на една година во Софиската опера и балет, иако искрено не очекував дека така брзо ќе се случи.  За во иднина не планирам да ја  менувам куќата во која работам, а наскоро очекувам да започнам да играм и солистички улоги на софиската, зошто да не и на светската сцена.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо