26 Април, 2024
0.0314

КУРЦ ПОРАЧА: Изборите ви беа демократски, сега формирајте Влада!

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседавачот со ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи Себастијан Курц ја заврши посетата на Македонија со повик врз основа на резултатите од изборите сега да се формира влада.

„Многу сум задоволен што изборите беа слободни, фер и демократски, што сите партии ги признаа резултатите, што е во согласност со демократијата. Сега партиите би требало да донесат постизборни одлуки“, порача Курц.

Изборите во земјава беа одржани на 11 декември, но владата уште не е формирана. Потпретседателот на владата и шеф на дипломатијата Никола Попоски, кој заедно со Курц направил обиколка на македонско-грчката граница кај преминот Гевгелија, рекол дека најголема помош од другите земја за Македонија во решавање на политичката криза би било да се остави народната волја, изразена преку распределба на пратеничките мандати, да се одлучи за иднината на земјата.


Курц рекол дека Австрија сака да ја види Македонија како силен партнер и изразил надеж дека реформите во земјава и патот кон Европа ќе продолжат во иднина.

„Постоеше политичка криза пред изборите во Македонија. Лично верувам дека фокусот не би требало да биде на она што не функционира, туку на добри работи“, порачал шефот на австриската дипломатија и го истакнал доприносот на Македонија во затварање на балканската мигрантска рута. Според неговите зборови, бројот на луѓе кои преминуваат низ таа рута, е намален за 98 отсто.

Попоски на конференцијата за новинари истакна дека мигрантската криза на границата претставува добра шанса за соработка на Македонија со државите членки на ЕУ, посебно Австрија и Грција. Додал и дека Македонија ја почитува поддршката на Австрија во евроинтеграција на регионот.

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби