18 Мај, 2024
0.1479

Кузевски: Еурокомпозит ќе ја надмине кризата само со напорна работа

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Државната компанија за производство на Оружје Еурокомпозит подолг период е во голема криза со неверојатен пад на приходите што укажува на фактот дека била лоша менаџирана со пад на производството и генерирање на огромни загуби. Работниците на Еурокомпозит последните неколку месеци постојано излегуваа на штрајк или протест барајќи да им се исплатат заостанатите плати и фабриката да продолжи да работи. Новиот директор Александар Кузески поставен од владата предводена од СДСМ разговараше со Фактор за тоа што ќе биде преземено во наредниот период и каква ќе биде судбината на Еурокомпозит.

Фактор: Зошто договорот меѓу синдикатот на вработените и раководството постигнат во јуни не се исполни и не ги даде очекуваните резултати?

Кузески: Договорот од јуни месец потпишан од мојот претходник Додовски од една страна, синдикатот на друштвото од друга страна и од Владата на РМ како гарант од трета страна го оценувам за исклучително позитивен. Токму третата страна, Владата на РМ, со тоа даде позитивен сигнал дека одговорно и посветено ќе помогне во решавање на проблемите кои се со години таложени во оваа компанија. Секако дека не е возможно само за неколку месеци да се решат проблеми кои со децении се креирале, а имајќи во предвид притоа дека компанијата генерира огромни загуби. Гледајќи ги извештаите од досегашното работење можам да забележам дека продуктивноста во работењето е премногу мало, би рекол надвор од економска и бизнис логика. Едноставно, вработените мораат да разберат дека сите ќе мораме да дадеме многу повеќе труд и ангажман во иднина за прво сами да си помогнеме во рамките на компанијата ,а со тоа да и покажеме и на Владата на РМ дека е неопходна помош за Еурокомпозит која сепак нема да биде залудна.

Фактор:  Има ли конкретни идеи за покривање на милионската загуба на Еурокомпозит?

Кузески: Потенцијалот на Еурокомпозит е огромен. Вистинска штета е што ваква компанија се наоѓа во тешка криза кога сите останати компании од регионот кои се во наменската индустрија рушат рекорди во правење профит. Новото раководство од самото доаѓање стапи во контакт со досегашните партнери на кои им пренесе дека соработката со нив очекува да продолжи за почеток стабилно, а во иднина и со позасилена динамика. Исто така стапивме во контакт и со повеќе сериозни потенцијални партнери во државава но и од регионот, од кои со дел имаме начелни договори за идна соработка, со други сме во сериозни преговори, а со трети веќе имаме и помали нарачки. Но клучен фактор за излегувањето на Еурокомпозит од кризата очекувам да биде засилената соработка со министерствата за внатрешни работи и одбрана.

Фактор: Дали ќе има кратење на работни места?

Кузески: Еурокомпозит е фабрика која мора да работи според економска логика. Ќе има толку вработени колку што ќе бидат потребни за рентабилно работење. Целта е профит! Ќе биде направен план за оптимален број на вработени по работни единици кои ќе го даде новиот акт за систематизација. Но насушна потреба е да се случи подмладување и ангажирање на нови работници.

Фактор: Дали ќе се изврши ревизија на работењето на Еурокомпозит во последните три години со оглед на огромниот пад на приходите од 100 милиони денари во 2014 на само 40 милиони во 2014 година?

Кузески: Ревизијата е редовна законска обврска која мора да се спроведе. Што се однесува на падот во приходите би кажал дека не е тоа изолиран проблем од проблемите за кои погоре зборуваваме, но на крајот на денот сепак се се сведува на умешноста во менаџирањето.

Фактор: Ќе биде ли побарана одговорност од резултатите на претходното раководство?

Кузески: И претходното и новото раководство се поставени од Влада на РМ. Секој мора да си сноси одговорност за својата работа и за тоа нема алтернатива. Но ова прашање треба да биде поставено на друга адреса.

Фактор: Постои ли можност Еурокомпозит да биде продаден на приватен инвеститор за што имаше најави во минатото или подобро е компанијата да се реструктуира и остане во државна сопственост со оглед што припаѓа на специфична гранка за производство на оружје?

Кузески:  Ова е уште едно прашање кое треба да биде доставено на друга адреса што се однесува на иднината на АД 11Октомври- Еурокомпозит, односно дали друштвото ќе остане во државна сопственост или ќе биде продадено на приватен инвеститор ќе одлучи Владата на РМ. Но, која опција и да биде одбрана, одговорно тврдам дека оваа компанија може и треба да работи под полна пареа и многу профитабилно.

Фактор: Во каква конциција е сега Еурокомпозит, дали може да ги сервисира тековните обврски за да се размислува за поголемо активирање на производството и дали има преостанати непродадени залихи кои исто така може да се пласираат?

Кузески:  Ќе повторам, пред се мора да се работи многу попродуктивно и многу подомаќински. Инаку, капацитет има за многу поголема реализација од онаа што ја имаме во компанијата во последните години. Од тука, секако дека мора да се размислува за поголемо активирање на производството. Што се однесува на вториот дел од прашањето, да, има залихи на готов производ за кои активно бараме купувачи.

Фактор: Претходно имаше критики на адреса на екс директорот Марјан Додовски кој беше поставен како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, што е различно сега со вашиот мандат и насоките на новата влада предводена од СДСМ?

Кузески: Конструктивни критики мора да има и на нив Владата треба да гледа во насока на подобрување на целокупното функционирање на системот. Суштествен дел се разбира од кој зависи функционирањето на владините институции, претпријатија, установи, друштва и така натака, се кадрите на раководни функции кои се поставуваат. Најчесто кога се одбира персоналното решение по инерција се тргнува од тоа да биде со соодветно образование, па се гледа на работното искуство и така по ред останатите критериуми релевантни за конкретната работа. Но наменската индустрија е специфично подрачје и во тој дел треба да бидат поставени луѓе кои имаат пред се квалитетни релации од сферата на трговијата со оружје, како внатре во Република Македонија така и надвор. Мојот адут беше токму тоа и благодарен сум на Владата на РМ за довербата која ми ја дадоа. Сега пред новото раководство предстои исклучително сериозен предизвик со кој треба да се справиме и да ја оправдаме дадената доверба.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа