26 Април, 2024
0.0279

Квалитетното сурово млеко неопходно за добри млечни производи

Објавено во: Економија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Краварската фарма Дуброво која со 160 грла молзни крави и дневна испорака на преку 3000 литри млеко, е најголемиот кооперант на млекарницата Бимилк и е успешен пример на домашниот пазар за обезбедување на сурово млеко со висок квалитет кое е клучно за производство на млечни производи кои ќе ги задоволат потребите на купувачите.

Посетата на фармата Дуброво беше со цел да се најават новите инвестиции во примарното производство на млеко за обезбедување на квалитетна суровина, но и да се потенцираат активностите и мерките кои Бимилк ги презема за поддршка на своите кооперанти.

Љатиф Бејаз, сопственик на фармата, вели дека до крајот на годината планираат да стигнат и до 5000 литри млеко на ден, а ги најави и новите планирани инвестиции.

„Покрај 160-те грла молзни крави, располагаме и со уште нови 170 стелни јуници и телиња, а планираме и ново зголемување на сточниот фонд. Во поблиска иднина планираме и друга инвестиција. Нашата цел за 2018 година е инсталација на централно молзилиште и унапредување на нашата комплетна механизација со цел да стигнеме до нашата крајна цел, а тоа е 10 тони млеко на ден“, изјави Љатиф Бејаз.

„Битолска млекара е најголемиот млекопроизводител во Македонија и среќен сум што тие го откупуваат нашето млеко, за кое гарантирам дека е со највисок квалитет. Суровото млеко од краварската фарма Дуброво има под 100.000 микроорганизми во милилитар млеко и под 200.000 соматски клетки, што според регулативата спаѓа во Екстра класа на сурово млеко“, додава тој.

Меѓудругото, г. Бејаз го потенцираше и најчестиот проблем кај млекопреработувачите, а тоа е недостигот од квалитетно сурово млеко. Тој вели дека во Битолската млекара гледа како на партнер кој постојано инвестира во фармата со цел да се зголеми нивната ефикасност.

Всушност, унапредување на квалитетот на примарното производство на млеко т.е. сировина, преку континуирано инвестирање во своите кооперанти, е главната цел на Бимилк.

Директорот на суровина во Бимилк Драган Илиевски, вели дека Бимилк, како најголем млекопроизводител во земјата, континуирано инвестира во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, но првенствено токму преку поддршка и вложување во примарното производство на млеко.

„Важно е да се напомене дека кога има недостиг на млеко на пазарот, веднаш паѓа квалитетот затоа што  млекарниците се борат да го откупат секој грам од фармерите. Знаејќи го ова, ние континуирано вложуваме во квалитетот на суровото млеко и во стимулативни мерки за што поголемо млекопроизводство и истовремено, ги откупуваме сите расположливи количини на млеко од нашите кооперанти кои ги задоволуваат најстрогите стандарди“, рече Драган Илиевски.

Од најважните инвестиции тој ги истакнува пред сѐ увозот на 1.300 јуници од земји од Европската унија за партнерите кооперанти на Бимилк. Само во последните неколку години, на овој начин, млекарницата успеа да го зголемиме откупот на сурово млеко за 30 проценти.

„Понатаму, минатите години доведувавме консултанти, фармери-специјалисти по менаџмент на фарми од Холандија, а пред неколку години инвестиравме преку 700.000 евра во системот за ладење на млекото на откупните места (лактофризери). Првата фаза со лактофризерите е веќе зад нас и успешно завршена, а во меѓувреме  инвестираме во знаење. Дополнително, даваме поддршка и сервис на фармерите во купување на земјоделска опрема, опрема за молзење и сточна храна“, додаде директорот на суровина на Бимилк, г-дин Драган Илиевски.

Бимилк влегувајќи во овој проект го искористи сопствениот финансиски потенцијал со цел да се подигне производството на сурово млеко во Македонија. Со оглед на фактот дека примарното производство на сурово млеко е ограничувачки фактор на растот на нашето производство, од Бимилк велат дека на ист начин ќе продолжат да инвестираат и во иднина.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти