19 Мај, 2024
0.0281

Лани 280 милиони денари за одржување на системот за пренос на гас во Македонија

Објавено во: Економија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

АД ГА-МА, акционерското друштво кое го поседува гасоводниот систем во Македонија, лани оствари приходи од 5,5 милиони евра во 2019 за цевоводниот транспорт на природниот гас додека акционерскиот капитал подеднакво го делат Владата и „Макпетрол“ АД Скопје, покажуваат резултатите од годишната ревизија.

Приходите се намалени за 53 милиони денари споредбено со 2018. Поради зголемените трошоци кај инвестициите, се забележува значително помала добивка од 59,3 милиони денари, за разлика од една година претходно кога таа изнесуваше 136 милиони денари. Трошоците се 280,5 милиони денари (околу 24 милиони повеќе за една година), односно толку чинело одржувањето на системот.

Друштвото кое оперира со постојниот гасовод во меѓувреме продолжува со проширување на гасоводната мрежа околу градот Скопје.  АД ГА-МА го поседува преносниот систем во Македонија кој се состои од еден главен интерконективен гасовод со Бугарија кај Деве Баир и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје.

Постои и разводна гасоводна мрежа од магистралниот вод до градовите Крива Паланка, Кратово, Куманово, Технолошко индустриската развојна зона – Скопје (Бунарџик) и Скопје со должина од 32 километри и градска гасоводна мрежа со должина од 73 километри во главниот град. 

Според пријавеното, АД ГА-МА во 2020 планира инвестици од 300 милиони денари, пред се проширување на градска гасоводна мрежа во Скопје со цел приклучување на нови потрошувачи и затворање на гасоводниот прстен во Скопје со разводни гасоводи за приклучување на заинтересирани потрошувачи со цел зголемување на потрошувачката на природен гас и намалување на емисијата на штетни гасови на територија на градот.

Оваа компанија со половичен државно-приватен капитал не тргува со природниот гас во Македонија, туку само го пренесува, односно управува со гасоводниот систем и од таа дејност ги остварува своите приходи.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа