ЛАВИНИ ВО АВГАНИСТАН: Загинаа 191 човек, а има и заглавени под снегот
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2017
Во Авганистан во лавини од снег загинаа 191 човек, соопштија денеска надлежните, а во тек е акцијата за спасување на оние кои се „заглавени“ под снегот.
Со голема снежна покривка се зафатени 22 провинции во Авганистан.
Лавините урнаа згради, а многу луѓе се затрупани во своите домови.
Најлошо е во Нуристан каде загинаа 68 луѓе.
Повредени се 300, а 500 луѓе се извадени од своите домови.
Храна и пари се доставуваат со хеликоптер.
Од Црвениот Крст велат дела илјадници семејства по обилните врнежи од снег се борат да преживеат во Авганистан и Пакистан.
И по милијарди долари помош, Авганистан е една од најсиромашните земји.