Лавров: САД не може да зборува со Русија од позиција на сила
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2016
Вашингтон не може да зборува со Москва од позиција на сила и заедно со тоа да продолжува селективно да соработува, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.
Претходно претседателот на Русија, Владимир Путин поднесе во Државната дума предлог-закон за прекинување од страна на Русија спроведувањето на договорот меѓу Русија и САД за преработка на плутониум.
- Усвоеното од нас решение е сигнал за Вашингтон: обидот да се зборува со Русија од позиција на сила, со јазикот на санкциите и ултиматуми и заедно со тоа да се продолжува селективна соработка со нашата земја само во оние области кои се поволни за САД, нема да оди, прецизира Лавров.