21 Февруари, 2018
0.7535
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2018

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

Како што беше тоа случај и претходните години, Кирил и ова лето е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитета надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари и оние кои сакаат да бидат тоа. МЛади спортисти кои во иднина треба да прераснат во врвни ракометари и добри личности.


-Задовоство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надоградиме.

Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери“.

Изминатите три години на кампот на најдобриот стрелец во историјата на ракометот поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од Босна, Данска, Шведска, Романија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција. Насмевката на нивните лица, задоволството кај нивните родители е најголема награда и сатисфакција за вложениот труд и посветеноста на тимот на Лазаров.


„Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот“. – Кирил Лазаров, носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени стартувајќи од 20 Јуни до 02 Јули 2018 година. Организаторот на кампот, агенцијата „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од данскиот произвоител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, нивната Веб страна www.kl7.mk и фејсбук страната www.facebook.com/handballcampkirillazarov7 . 

Можеби ќе ве интересира

РЕК Битола: Тендер во следните три месеци за избор на фирма која ќе го врши ископот на јаглен

РЕК Битола: Тендер во следните три месеци за избор на фирма која ќе го врши ископот на јаглен

Започна пријавувањето за престижните награди на "Sarajevo Business Bridge Awards 2018"

Започна пријавувањето за престижните награди на "Sarajevo Business Bridge Awards 2018"

СКИЈАЊЕ ЗА СРЕЌА: ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ХУМАНИТАРНИОТ ВЕЛЕСЛАЛОМ

СКИЈАЊЕ ЗА СРЕЌА: ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ХУМАНИТАРНИОТ ВЕЛЕСЛАЛОМ

Дејан Сипковски: Наша стратегија е да имаме задоволни купувачи

Дејан Сипковски: Наша стратегија е да имаме задоволни купувачи

Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

(ВИДЕО) „Фчерашни новости“: Се гледа ли крајот на преговорите за името?

(ВИДЕО) „Фчерашни новости“: Се гледа ли крајот на преговорите за името?

Виз Ер Скопски маратон чекор напред во воведување иновативни технологии во регионот

Виз Ер Скопски маратон чекор напред во воведување иновативни технологии во регионот

Искористете го ултра големиот попуст во Капитол мол

Искористете го ултра големиот попуст во Капитол мол

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето