Лажни пензионери, социјалци и инвалиди проневериле 5 милијарди евра во Италија
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2013
Само лани во Италија биле проневерени пет милијарди евра преку злоупотреба на социјалната заштита, како лажна пензија, работа на црно и фалсификување податоци при барање социјална помош. Како што соопшти италијанската полиција, 22.000 кривични пријави се поднесени против лажни пензионери, инвалиди и социјално загрозени лица, пренесе Танјуг.
Истрагата покажала дека 3.556 лица незаконски користеле социјални бенефиции, како што се намалени тарифи при плаќање градинки или школарина, несоодветно одбрена домашна грижа за болни во 1.047 случаи, како и 3.297 лажно пријавени земјоделци и 395 семејства кои продолжиле да примаат пензија по смртта на осигуреникот.
Регистрирани се 1.274 вработени во јавни служби, кои извршуваат дополнителни работи на црно.
Според проценките државниот буџет на Италија е оштетен, освен за пет милијарди евра поради фалсификување на социјални осигуреници и за дополнителни 1,1 милијарда евра поради проневера на пари како во општините, така и на централно ниво.