06 Мај, 2024
0.0270

ЛАЖНИТЕ БОМБИ „ПУКААТ“ ПО НЕКОЛКУ ТЕСТОВИ НЕДЕЛНО: Полугодието е пред врата, агендата за учениците набиена

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Реакциите на граѓаните поради дојавите за бомби прво во училиштата кои почнаа пред еден месец, а сега и во бројни институции, шопинг центри, резиденцијални објекти стануваат се пожестоки. Оценуваат дека неспособноста на одговорните кои треба да го решат овој проблеми ги надминува сите граници. Свесни се дека станува збор за лажни бомби, но протоколот налага итна евакуација заради што вознемиреноста е неминовна. Најголемиот товар сепак го сносат учениците, кои изгубија бројни часови, и остана непредаден голем дел од предвидениот материјал. Ако на почетокот беше застрашувачки, а по повеќе последователни дојави за бомби кои секако беа лажни, стравот бледееше па премина во чувство на забава, сега повторно големи проблеми. Полугодието е на прагот, а оценки нема. Родителите, учениците и професорите имаа заеднички став кон сето ова. „Се е врз грбот на децата“

-За жал има премногу изгубени часови. Материјалот навистина не е допредаден, а полугодитео е речиси пред врата. Имаат набиени агенди од по неколку тестови во текот на недела, и плус усмени испрашувања. Минатата недела се спроведуваше евакуација за време на тест. Кога да ги оценат учениците и на кој материјал. Зарем не е научена лекцијата од ковид-кризата. Се што е изгубено, никогаш нема да се врати. Ова на ништо не личи, има настава само по 2-3 дена во тек на работна недела. И професорите се ставени во една крајно незавидна положба. Како да го остварат наставниот метеријал и како може да ги оценат учениците кога секој ден е неизвесен, велат загрижени, но и револтирани родители на средношколци од Скопје.

Реакција има и од Сојузот на средношколци. Претседателот на организацијата, Лука Павиќевиќ за Фактор вели дека надлежните, посебно Министерството за внатрешни работи не пристапуваат кон проблемот со потребната сериозност, а еве скоро два месеца ваквите случаи ја вознемируваат целата јавност во Македонија.

-Јас, но и целиот Сојуз на средношколци, сме навистина разочарани од (не)делувањето на Министерството за внатрешни работи по овој проблем. Сметаме дека надлежните кон дојавите за бомби не пристапуваат со потребната сериозност, и од безбедносен и од образовен аспект. На пример, виновникот или сега веќе виновниците за дојавите сè уште не се најдени, а поминаа речиси два цели месеца. Се обидовме да стапиме во контакт со институциите околу прашањево, но повратно не добивме. Ваквото непостапување и неажурност ја намалуваат довербата на младите во власта и во институциите. Ние не се чувствуваме поддржано.

Според Павиќевиќ, образовниот профил на земјава е на најниски гранки во меѓународни рамки, што е повеќе од загрижувачка состојба.

Во овие речиси два месеци, средношколците засегнати од оваа ситуација беа спречени да следат голем број часови, на кои според планот треба да се поминат важни делови од програмата. Спреченоста да се посетува настава го намали општото знаење на учениците, подготвеноста за државната матура, но и нашиот образовен профил во меѓународни рамки. Ситуацијата е неприфатлива и апелираме што побрзо да се најде адекватен начин да се надополни материјалот. Надоврзувајќи се на ова, фактор којшто го влошува проблемот е крајот на полугодието, односно сите клучни оценувања кои се планирани во овој период. Тестови и испрашувања се одложуваат и се наталожуваат во кратка временска рамка во која учениците едноставно не можат да го достигнат нивото за сите предмети. Од Сојузот повикуваме на максимална соработка и разбирање од страна на професорите и училишните органи, за соодветно изменување на методите и материјалот на начин којшто ќе им овозможи на учениците да постигнат соодветни резултати, посочува Павиќевиќ за Фактор.

Инаку, во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во повеќе средни училишта, како и во Ист Гејт Мол, МНР, ГТЦ и Џевахир. МВР информираше дека повторно станува збор за лажни пријави, а дел од експертите оценуваат дека ова се хибридни напади против евроатлантските интеграции.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува