ЛДП: Новата реформска влада ќе вложи сериозни напори за приклучување на државата во ЕУ
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017
Новата реформска влада која наскоро ќе биде формирана, во која ќе учествува и ЛДП, ќе вложи сериозни и одлучни напори за приклучување на државата во ЕУ, за и нашите граѓани непосредно ги уживаат бројните бенефити и вредности на Европската унија, порачуваат од ЛДП.
„Денес се навршуваат 60 години од потпишувањето на Римските спогодби, со кои освен Европската заедница за јаглен и челик и Евроатом, се основа и Европската економска заедница, која подоцна се трансформира во Европска унија. И покрај бројните предизвици во овој период, Унијата изразна во силна економска и политичка заедница на околу 520 милиони граѓани, во која основни вредности се почитувањето на човековите права и слободи, демократијата, градењето мир и стабилност. Една од најзначајните економски практики на ЕУ е и заедничкиот европски пазар, каде што владее слобода на делување на граѓаните, на стоките, на услугите и на капиталот. ЕУ во овој шеесетгодишен период одигра значајна улога во градењето и одржувањето на мирот и стабилноста во Европа“ - додваат од ЛДП.
По добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, кога последен пат имавме демократска влада, по доаѓањето на ВМРО-ДМПНЕ на власт, нашата држава е заробена во кандидатски статус веќе 11 години, се наведува во соопштението од ЛДП. Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги закочи реформските процеси и интеграциските патишта кон ЕУ затоа што не и одговараше развој на демократските процеси и ограничувањето на самоволното и деспостското владеење, стои во соопштението на ЛДП.