29 Април, 2024
0.0300

Легализација на црни пари или помош: Како две милијарди евра од под перница или од странство да се внесат во економијата

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Економски исправно, или начин да се легализираат пари стекнати на црно. Економските аналитичари сметаат дека е потребна детална анализа пред да се спроведе законско внесување на милијарди евра во легалниот финансиски систем на земјава, проект кој го најавува премиерот Зоран Заев. Дел од познавачите сметаат дека ако граѓаните имаат милијарди евра дома или во странство тие пари треба да влезат во финансискиот промет, но предупредуваат и тоа да не се сведе на проста даночна амнестија за што најави имаше и претходно. Друг дел од познавачите пак се децидно против ова, со образложение дека на таков начин дефинитивно само ќе се легализираат нелегално стекнати пари. Премиерот Заев деновиве повторно ја актуелизираше идејата парите кои граѓаните ги имаат кај себе на некаков начин да се стават во функција на економијата. Претходно не даде идеја како, но завчера одеше чекор понапред па рече дека некои од опциите се тие пари да се стават на сметки и за нив да се плати данок од 10 отсто или да се инвестираат во државна обврзница.

Но дали не треба прво да се оценува какво е потеклото на овие пари? Познавачите отвораат дилеми и за тоа ако нема анализа дали ова би значело дека сите црни пари ќе се пуштат во легалниот систем, па во иднина нема да се мотивираат неплаќачите на данок или криминалците повторно да чекаат таква „амнестија“. Се отвора и прашањето зошто ако некој ги има стекнато легално парите да ги стави или да ги инвестира кога така би платил данок за нив. Заев инаку тврди дека кај граѓаните има над 1,5 милијарди евра.

„Пред да се донесе законот за потекло на имот за кој разговараме со Европската унија, ќе дадеме отворена можност за сите домашни физички лица кои што имаат готовински пари, а се надвор од системот, да ги стават на свои сметки со тоа што ќе платат 10 проценти данок и во рок од две години ќе треба да ги инвестираат парите – да си купат стан, куќа, возило, акции, или било што. Барем еднаш да ги инвестираат, а доколку не го сторат тоа ќе треба да платат уште 10 проценти“, рече Заев.

Објасни дека другата опција е со парите кои ги имаат во кеш граѓаните да купат бескаматна државна обврзница за која допрва ќе се утврдува рочноста - 10 или на 15 години.

Професорот Ванчо Узунов вели дека за оваа операција е потребна опсежна анализа. Вели дека од една страна точно е дека земјата има нараснати потреби за финансирање додека милијарди се надвор од системот, но од друга, сугерира сепак да се прави анализа за тоа како се стекнати парите.

„Од една страна е точно дека ние се задолжуваме заради пандемија во странство и дома, бараме резерви, се кратат трошоци, се префрлуваат пари, а има значителна сума пари која е стерилизирана и не носи позитивен ефект. Тоа не може да се случи брзо, но кога ме прашувате дали е економски исправно, велам да.  Сепак треба да се направи анализа, затоа што не се сите овие пари на еднаков начин стекнати. Некои можеби се легално ставени на страна заради отсуство на можност или храброст да се инвестираат во деловен пофат, волја да не се ставаат во банка и затоа се чувани. Но ако се стекнати со нелегални активности треба да се размисли зашто би се легализирале и како и дали тоа нема да мотивира во иднина и други лица да чекаат на легализацијана црни пари. Значи операцијата треба да е со претходна анализа, да се обмисли добро и да се разговара, вели Узунов.

Поранешниот министер за финансии и универзитетски пропфесор Трајко Славески вели дека ова не е прв пат да има идеи за внесување на пари во системот, но тој е категоричен дека сепак на ваков налин само ќе се легализираат црни пари.

„Имало обиди и додека јас бев министер да се притиска за таканаречена даночна амнестија, но ние секогаш сме биле против. Едноставно не е прифатливо во една операција да се легализираат сите црни пари кои се во земјава или поголем дел во земјите од регионот и кои дефинитивно се стекнати на нелегален начин. Да било поинаку би биле веќе легализирани, вели Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се сомнева впрочем дека во овие милијарда и половина или две милијарди кои ги споменува премиерот воопшто има пари кои се стекнати на легален начин.

Неодамна кога се отвори прашањето за обесштетување на штедачите од Еуростандард висок функционер од СДСМ за Фактор зборуваше на оваа тема. „Според наши проценки, под перница во моментов се чуваат дури две милијарди евра. Нашата цел беше тие за извесен период да влезат во каналите на банкарскиот систем, со тоа што ќе донесевме закон со кој ќе оставевме извесен рок, од на пример шест месеци, во кој ќе ги повикавме граѓаните да ги вложат парите во банка, а после тој период, за секоја поголема трансакција, на пример за купување куќа или слично, ќе требаше да се докаже потекло на парите. Но, наместо да почневме со таа практика и да се успееше тие две милијарди евра да влезат во системот, нас ни се случи ова со Еуростандард банка, што не враќа чекор назад. Затоа и ни е битно да се реши ова прашање“, изјави за Фактор пратеник од СДСМ.

Заев првично тврдеше дека Владата е подготвена да отвори дебатата по што ќе се види кои се најдобрите услови и што да се направи овие пари да се трансформираат во инвестиции за дополнителен економски развој. Засега нема контури на такво законско решение

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа