27 Април, 2024
0.0263

Легализирани сe 8 илјади, а за документи чекаат уште 20 илјади трактори

Објавено во: Агробизнис 26 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Процесот на легализација и регистрација на тракторите и приколките се одвива по планот, а досега во земјава е извршена легализација и регистрација на осум илјади трактори изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа денеска беше во Струмица каде се сретна со претставниците на здруженијата на земјоделци. „Акцијата за легализација и регистрација, Владата на Македонија ја спроведува на иницијатива од земјоделците од струмичко,каде што пред почетокот на истата имаше регистрирано помалку од 30 трактори. Сега во Струмичко се легализирани и регистрирани околу илјада трактори и тракторски приколки“, рече Јанкуловска. Јанкуловска посочи дека сеуште трае легализацијата за тракторите, како и дека сите сопственици кои поднеле барање до судот ќе добијат документи за сопственичкото право. Таа откри дека во постапка на легализација се околу 20.000 земјоделски машини и трактори . Легализацијата на овие машини ќе трае до средината на иднината година до кога тие треба да поминат на технички преглед и регистрација.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади