Лекар од Србија го предвиде крајот на епидемијата
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Април, 2020
Епидемиолог од Србија Предраг Кон го предвиде крајот на епидемијата на коронавирусот во неговата земја.
Првиот случај на коронавирус во Србија е регистриран на 6 март, а вонредната состојба е воведена на 15 март.
Најавениот крај на епидемијата, како што рече Кон, може да се очекува од почетокот до средината на мај.
Тој за Радио Телевизија Србија (РТС) изјави дека дури и по укинувањето на вонредната состојба и покрај слабеењето на вирусот некои мерки ќе бидат задржани.
Вели дека со тестирање сè повеќе се откриваат многу благи случаи на зараза, дури и асимптоматски.
„Ова значи дека вирусот наголемо циркулира, но предизвикува многу мало заболување или никакво“, рече Кон, истакнувајќи дека „се чини дека вирусот сериозно слабее“.
Србија има 6.630 заболени од коронавирусот.Властите во Србија полека ги олеснуваат мерките, посебно за постарата популација.