19 Мај, 2024
0.0292

ЛЕКЦИЈА: Како да учиме од успехот на другите

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Лесно е да се каже „Еј колку добро подреден живот има тој, постигнал сè што сака“.

Но всушност зад овие резултати кои ги гледаме , многу малку разбираат и сфаќаат дека стои исклучително многу труд, бескрајни непроспиени ноќи, многу успони и падови.

Има испишани толку многу книги и материјали од успешни луѓе кои даваат совети за животот и успехот. Ги читаме со желба да научиме сè, но всушност дали успеваме да научиме нешто од туѓиот успех?

Увереноста, оптимизмот, убедувањето, како и да си голем фудбалер или трговец, се едноставно вештини кои може да се научат и напреднат. Вие исто така може да ја совладате секоја вештина која некој друг ја владее.

Иако можеби мислите дека некои луѓе се "само" попаметни, повеќе талентирани или со повеќе среќа од вас во работите, со кои се справуваат толку добро, тие го постигнуваат тоа преку одредена секвенца од мисли и постапки кои ги извршувале додека "настојувањето за успех" се претворило во непозната навика за нив.

Настојувањето на Андре Агаси да се претвори во голем тенисер започнува кога татко му над детското креветче му ставил играчка изработена од тениски топчиња. Тајгер Вудс почнува да удира голф на возраст кога повеќето деца уште проодуваат.

Поентата ни е дека бебињата не се раѓаат со креативни вештини или одеднаш не стануваат големи тенисери - тие учат како да прават нешто преку два едноставни чекори:

1. Со поддршка на луѓето, кои го прават, или го следат нивниот пример

2. Постојано ја вежбаат новата вештина (душевно и физички), додека тоа се претвори во навика за нив.

Како деца сте гледале како вашите родителите се движат и вие сте се обиделе да одите како нив. Се разбира,сте паѓале многу пати пред конечно да ја задржите својата рамнотежа, но сте учеле од она што го прават мама и тато, и сте биле упорни додека да го направите сами првиот чекор.

Ако умеете да возите , сте  го постигнале тоа откако со години сте гледале како возат други луѓе и сте изградиле модел во вашите умови. Потоа сте го правеле секој елемент од процесот на возење, додека сами сте го совладате.

Ќе ја забрзате значително апсорпцијата на дадена вештина ако научите да ја користите умерено и ќе ги дополните вашите физички перформанси со неверојатната сила на умот.

Затоа, ако сакате да бидете успешни размислувајте со ваша глава и следете ги примерите на оние кои со труд успеале да дојдат до врвот.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“