02 Мај, 2024
0.0272

ЛЕШНИК БИЗНИС: Садењето почнува, Италијанците гарантираат пласман

Објавено во: Агробизнис 27 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

 Кон средината на следниот месец, почнува садењето на лешниците од сортата Тонда џентиле дела ланге, од која понатаму се произведува светски познатиот чоколаден крем Нутела. Во овој период треба земјиштето да се подготви за садење.

- Секој кој сака да се занимава со одгледување на лешници, најпрво што треба да направи, своето земјиште да го изриголова т.е длабинско да го изора и тоа со едно бразден плуг до 50 сантиметри во длабочина. Откако земјиштето убаво ќе се изработи, се пушта тањирача за да се израмни површината за да може потоа да влезе возило кое би ги ископало дупките за насадот. Јас во мојот случај дупките за насадот ги копав со багер (50 сантиметри ширина, 50  сантиметри длабочина). Откако ке се направат дупките се става една до две лопати шталско кравјо прегорено ѓубриво. Потоа ѓубривото се покрива со 3-4 лопати земја и се става садникот за да се засади на длабочина од 40 цм. На садниците им се става земја и убаво се тапкаат за коренот да неприма воздух. Откако ги завршивме овие постапки на крај се додава 10 литри вода по садник. Најповолното време за засадување на лешникот е од 20 ноември до 10 декември (зошто во Италија чекаат да падне листот од садниците и да се исцеди водата од кората за да не дојде до измрзнување на садникот во зимата). При садењето растојанието меѓу садниците на еден хектар од садник до садник треба да биде 4 метри, а редот 5 метри, во овој случај во 1 хектар одат 500-550 садници, вели Саше Крстевски, производител на оваа сорта на лешници и овластен застапник за садници. Крстевски сега има засадено два хектари со околу 1.000 лешникови садници. Планира насадот да го прошири за уште три хектари. Садникот го подигнал лани во декември. Првиот род го чекува следната година, а секоја година потоа родот постојано се зголемува. Според анализите на терен, после седмата година од еден хектар родот достигнува и по два два тона, а после секоја наредна година капацитетот на родот се зголемува од 15 до 20 килограми од стебло. 

 Се повеќе земјоделци заинтересирани за одгледување на лешници

 Интересот за производство на лешници од сортата “Тонда џентиле дела ланге”во земјава расте.  Единствениот застапник за садниците од оваа сорта во земјава Сашо Крстевски, вели дека секојдневно кај него доаѓаат луѓе кои се заинтересирани за производство на оваа сорта лешници.

-Со моето појавување во електоронските и пишаните медиуми, интересот за овој агробизнис стана многу голем. Од тогаш постојано ми се јавуваат луѓе кои се заинтересирани за одгледување на лешници, им порачувам да дојдат во моите парцели за да видат со каков саден материјал располагаме и дел од тие луѓе откако ке воочат  за што станува збор си резервираат садници. За во иднина сите оние кои ќе бидат заинтересирани за лешници, нека ме конктактираат да им објаснам за сите детали во врска со  засадувањето на лешникот, вели Крстевски

Садниците Крстевски ги набавува од Италија, поточно од  компанијата која токму него го овластила за засатпник во земјава, а која потоа го откупува родот. Цената на еден садник од Италија со транспорт до Македонија, со сертификат за повраток на вложени средства, и со фактура за субвенции чини 3 евра по садник.Се работи за самоопрашувачка сорта (не треба да се засадуваат повеќе сорти). Садниците кај застапникот Крстевски, треба да се резервираат најдоцна  до 15-ти Номеври, кога и пристигнуваат од Италија.

 

Инвестиција од 2.500 евра со загарантиран пласман
Еве колку пари и за што ви се потребни при подигањето на насадите со лешници:

600 садници = 1.800 евра

За риголовање =350 евра За ископување на дупки =200 евра Прегорено ѓубре =50 евра Работници =100 евра Математиката покажува дека инвестицијата би чинела 2.500 евра, се враќа за две до три години.Позитивното е што откупот на родот е загарантиран по моменталната берзанска цена на лешниот во Италија, која годинава се движи од 2,5 евра за килограм нелупен лешник, и 6 евра за килограм лупен лешник.

- Една проста матаматика, имам 1000 садници помножено со 10 евра од дрво е еднакво на 10 000 евра, а за мене таа цифра е задоволителна. Договорот за загарантиран откуп на родот се склучува со самото подигање на садниот материјал кога и пристигнува одговорното лице од Италија. Пред неколку години Италијаните ги имаат анализирано климата и поднебјето на Македонија и истите имаат воочено дека таа е извонредна земја за одгледување на сортата “Тонда џентиле дела ланге”. Тие очекуваат македонските земјоделци помасовно да се занимаваат со одгледување на лешници бидејки истите не треба да стравуваат каде ке го пласираат својот род, вели Крстевски

Овој амбициозен земјоделец им порачува на другите земјоделци кои имаат услови за засадување на лешници (поточно ако на нивните парцели има вода за наводнување која е една од најважните фактори за успешно одгледување на лешникот),  што поскоро да започнат со овој бизнис бидејќи е  рентабилен. Во Италија, земјата на чоколадниот крем Нутела, се засадени огромни површини под ова јаткасто овошје. Поради големата побарувачка постои недостаток од лешник. И оваа година италијанските компании беа принудени да увезуваат лешник од Чиле, Аргентина и други подалечни земји, за што пак имаат огормни трошоци. Затоа и Македонија, италјанците ја сметаат за поатрактивна бидејќи пресметале дека ако од кај нас го откупуваат лешникот, бидејќи сепак Македонија им е поблиску од Чиле,  ќе им се имаат помали транспортни трошоци. Тоа пак им оди во прилог на сите заинтересирани земјоделци од Македонија кои сакаат да отпочнат сопствен семеен агробизнис.

Турција, Италија, Грција и  САД се најголемите производители на лешници. Сепак лидер во ова производство е Италија.

Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?