26 Април, 2024
0.0558

ЛЕТО 2017 може да ги врати насмевките на грчките хотелиери

Објавено во: Балкан 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Грција се подготвува за рекорден број туристи и ова лето. Податоците на националниот институт за статистика покажуваат дека минатата година земјата пречекала речиси 29 милиони туристи, а очекувањата се дека оваа година таа бројка ќе надмине 30 милиони.

Многу хотели веќе ги затворија резервациите за високиот месец за одмор - август. Цените, пак, се зголемуваат со најмалку 5% во однос на минатата година, пресметува грчкото издание "Катимерини".

Според податоците на GfK оваа година Германците - едни од најголемите платежоспособни туристи на глобално ниво, ќе ја избегнуваат Турција. Раните ангажмани кон Грција се зголемуваат со 67% и нашиот јужен сосед веќе е втората по популарност дестинација за германските туристи по Балеарските Острови.

Поради проблемите во Турција раст на барањата веќе се забележува во Шпанија, Италија, Бугарија и Малта, покажуваат податоците на Hotelometer. Големите летувалишта користат и цените се зголемуваат. Така недела во еден од најскапите грчки хотелски комплекси во сајтот - Pilot Beach на Крит, веќе достигнува во просек 1 300 евра.

Традиционално одморалиштата на југ ги привлекуваат повеќе западноевропските држави. Во северна Грција пак избираат да одмораат туристите од соседните земји - Бугарија, Романија, Србија и Македонија. Во оваа година податоците покажуваат бум на турските туристи во овој регион. Во првите месеци од годината тие ги посетуваат Солун, Кавала и Халкидики.

Аналитичарите, цитирани од весникот "Катимерини", коментираат дека за многу Турци Грција излегува спасителното место по обидот за државен удар во текот на летото на 2016 година.

"Не е тајна дека турски дисиденти влегуваат во Грција - и легално и нелегално, во потрага по дом и воспоставување на контакти", додава весникот.

Грција станува се попривлечна дестинација и за туристи од други континенти. Пред неколку дена стана јасно за бум на кинески туристи, но интерес за земјата имаат и Американците. Прогнозите се дека во 2017 година грчките одморалишта ќе бидат посетени од околу 900 илјади Американци кои ќе потрошат најмалку 728 милиони евра, посочува Greece Is.

Американските туристи се едни од најбараните насекаде каде одат, бидејќи се и едни од најголемите платежоспособнит- минатата година тие потрошиле 121,5 милијарди долари за време на својот одмор. Првата позиција сепак ја заземаат Кинезите со потрошени 261,1 милијарди долари.

Платежоспосбноста на туристите всушност е еден од најважните фактори за западнатата во тешка криза земја. Иако со рекорден број туристи, Грција ја испрати 2016 година со намалување на приходите во овој сектор - со околу 6% до 13 милијарди евра.

Очекувањата се сепак оваа година ситуацијата да биде малку поповолна. Владата активно прави обиди да го промени имиџот на Грција единствено како место за летен одмор, вложувајќи уште на културното наследство, гурмански и религиозен туризам. На сајтот на агенцијата за инвестиции во земјата се наведени уште и можностите за развој на медицинскиот туризам, откако и една од целите на власта е да ги зголеми специјализираните центри и да го задржи бегањето на лекарите на Запад .

Грците не сакаат да се фалат однапред, за да не ги "урочат" работите, пишува во посебен репортажа DPA. Оваа година, сепак може да се врати насмевката на вработените во овој важен сектор за измачуваната грчка економија.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)