30 Април, 2024
0.0249

Летување на кредит!

Објавено во: Анализа, Економија 25 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Туристичката понуда атрактивна – граѓаните во потрага по пари за да се истурка и оваа летна сезона 2013-та. Банкарите потврдуваат дека значајно е зголемен интересот за кредитни картички и за ненаменските потрошувачки кредити, банкарски производи до кои најбрзо и најлесно се доаѓа. „Во нашата банка во овој период најбарани се т.н кредити за рефинасирање. Станува збор за кредити со кои граѓаните ги покриваат долговите што ги имаат во другите банки по основ на веќе земени кредити и минуси на кредитни картички“ велат за Фактор од Стопанска Банка – Битола. Наплив од барања за одборувања, најчесто на потрошувачки кредити, има и во НЛБ Тутунска Банка. „Во овој период има значајно зголемен обем на барањата за потрошувачките кредити. Најчесто граѓаните не ги користат само за туристички цели, односно земаат кредит кој дел го користат за други потреби а во периодов парите им се наоѓаат и за покривање на еден летен одмор. Најбаран е Виолетовиот кредит за кој се нуди фиксна каматна стапка од 6,5% за првата година. Атрактивен е и 10-годишниот рок на отплата на кредитот“, објаснуваат од НЛБ Тутунска Банка. Во летниот шпиц зголемена побарувачка има и за кредитните картички. „Во нашата банка кредитните картички по правило ги даваме како гратис во пакет со одборен кредит, за што не се наплаќа провизија. Банката работи со “Виса“ кредитните картички. Во овој период е регистриран зголемен интерс“, објаснуваат од битолската Стопанска Банка. Дека кредитните картички се атрактивни – поврда и од НЛБ Тутунска Банка. „Во летниот период кредитните картички се користат многу. Регистрирана е и зголемена побараувачка и зголемен промет преку кредитните картички.Според досегашните пресметки, двојно, друри и тројно е зголемен прометот на посттерминалите на банаката што се лоцирани во туристичките агенции – што е потврда дека искористеноста е голема.“ објаснуваат од НЛБ Тутунска Банка. На располагање и „летни“ кредити Во понудата за клиентите, банките и оваа година како производ нудат и наменски „летни“ кредити, но објаснуваат дека тие не се многу „барани“ на пазарот. „Туристичките кредити се покажаа како неисплатливи. Банката нуди потрошувачки наменски „инстант“ кредити. Банките и оваа година се на реалација со туристичките агенции кои во улога на посредници ги упатуваат граѓаните каде и под кои услови можат да дојдат до кредит за летување“, објаснуваат од НЛБ Тутунска банка. Кредит со слична намена нудат и од Стопанска Банка – Битола. „Станува збор за наменски кредит кој може да се користи за школување, купување на мебел , плаќање на летен одмор. Максималниот износ на овој кредит може да изнесува 1 000 евра“, велат од Стопанска – Битола. Вкупната задолженост на граѓаните по основ на кредити, заклучно со јуни изнесува 1,4 милијарди евра, при што најголем удел во задолженоста имаа потрошувачките ненаменски кредити. Поради кризата, од почетокот на годинава беше забележан тренд на затворање на кредитните картички, кои се сметаат за еден од најатрактивните банкарски производи. А.Д.