27 Април, 2024
0.0252

Летување во вилата на Пабло Ескобар? И тоа е можно!

Објавено во: Стил 03 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Недвижнината која некогаш била во сопственост на злогласниот колумбиски наркобос Пабло Ескобар е претворена во луксузен смештај исполнет со уметнички дела.

Вилата е сместена на плажата во градот Тулуму во Мекиско. Сега Кала Малка е реновирана и претворена во хотел кој е во сопственост на њујоршката компанија Лио Малка која се занимава со трговија на уметнички дела.


Откако Ескобар ја напуштил, недвижнината останала запуштена, а од 2012 година постепено е реновирана и отворена во 2015 година како хотел со пет ѕвезди.

Вилата има девет соби, а се наоѓа на чекор од плажата со бел песок. Внатрешноста е уште поинтересна, а од вратата внимание веднаш привлекуваат персиските теписи.

Во лобито се фотографии, скулптури и мебел на некои од најпочитуваните уметници и дизајнери, а интересно е дека распоредот на уметничките дела во хотелот често се менува како гостите би можеле да уживаат во различни изработки.

Спиралните скали водат до кров, а на него се наоѓа бар каде се организираат разни настани додека кулата нуди поглед на тропски пејзаж. Стаклени врати ја делат куќата од плажата а ако гостите не сакаат капење во море, тука е огромен базен. 

Тулум инаку се наоѓа на карипскиот брег на мексиканскиот полуостров Јукатан. Оваа област во последните години е и тоа како во тренд и моментално се градат се повеќе хотели.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти