Левица бара одговори за тендер на општина Аеродром: Дали позади овој тендер се крие коруптивна зделка?
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022
Претставниците на политичката партија Левица преку својот Фејсбук профил прашуваат зошто општина Аеродром плаќа дури 20 илјади евра за изнајмување на принтери.
Во нивниот пост тие укажуваат дека на распишаниот тендер победила компанија која има само он лајн продавница, но нема податоци за сопствеништво, ниту директор ниту продавници за посета.
- 20.000 ЕВРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ПРИНТЕРИ КАКО ШЛАГ НА ТОРТА ЗА КРАЈ НА ГОДИНАТА - стои во насловот на објавата.
Од многуте недомаќински бисери на градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, деновиве осамна најновиот “бисер“. Имено, општината распишува тендер за изнајмување на фоткопир машини во висина од скоро 20.000 евра. Тендерот го добива претпријатието ДОО Стерна – увоз-извоз.